November 24, 2020 18:08
Свет

Најмалку 650 милиони Индијци веројатно ќе бидат заразени со коронавирус до февруари 2021 година 

Најмалку половина од 1,3 милијарди Индијци веројатно ќе бидат заразени со новиот коронавирус до февруари 2021 година. Тоа го објави член на владина комисија со задача да направи прогноза за ширењето на вирусот.

Индија е втора земја во светот по САД со најмногу случаи на заразерни со коронавирус – околу 7,5 милиони. Но, новите случаи се намалуваат во Индија по пикот во средината на септември. Секој ден се пријавувале во просек 61.390 случаи.

– Нашиот математички модел покажува дека околу 30 отсто од населението е моментално заразено и може да се зголеми на 50 отсто до февруари, рече Маниндра Агравал, професор на индискиот Технолошки институт во Канпур и член на комисијата.

Комисијата проценува дека многу повеќе луѓе се заразиле отколку што истражувањето на владата во септември покажа дека 14 отсато од Индијците заболеле од вирусот. Комисијата е составена од вирусолози, научници и други експерти кои се потпираат на математички модел што ги зема предвид случаите што не се потврдени со тест.

Предупредуваат дека заразените може да се искачат на 2,6 милиони месечно доколку не се почитуваат мерки како што се социјално растојание и носење маска. Експертите предупредуваат дека случаите може повторно да се зголемат со приближувањето на сезоната на празници и фестивали.