February 3, 2023 14:22
Свет

Најмалку 58 деца убиени од почетокот на протестите во Иран

Најмалку 58 деца наводно се убиени во Иран од почетокот на антивладините протести, а групите за човекови права тврдат дека и осумгодишни деца се меѓу жртвите на насилството извршено од припадници на државните безбедносни служби.

Според иранските активисти за човекови права од организацијата ХРА, од почетокот на протестите на 16 септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, убиени се 46 момчиња и 12 девојчиња помлади од 18 години.

Безбедносните сили, само изминатата недела, наводно убиле пет деца.