December 9, 2021 02:12
Свет

Најмалку 50 илјади Грузијци излегоа на улиците на Тбилиси со барање за ослободување на поранешниот претседател Саакашвили

Десетици илјади лица демонстрираа во Грузија барајќи ослободување на поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој се наоѓа во притвор откако се врати од егзил во октомври и веднаш почна штрајк со глад.

Најмалку 50.000 луѓе се собраа на плоштадот „Слобода” во центарот на Тбилиси, извикувајќи го името на Саакашвили, јавија француските медиуми.

„Ослободете го Саакашвили”, „Не на политичкиот прогон”, пишуваше на транспарентите на демонстрантите.

Михаил Саакашвили (53), грузиски претседател од 2004 до 2013 година, беше уапсен на 1 октомври по враќањето од осумгодишниот егзил и веднаш беше затворен на отслужување на шестгодишната казна за злоупотреба на службената положба.

Поранешниот претседател, сега лидер на опозицијата, ја отфрла пресудата, која ја смета за политичка, и вели дека почнал штрајк со глад во знак на протест против затворањето.

Неговото затворање е дел од политичката криза што ја потресе Грузија по парламентарните избори во октомври 2020 година, на кои со мала разлика победи владејачката партија „Грузиски сон”, на милијардерот Биџина Иванишвили, голем ривал на Саакашвили.

Поранешниот шеф на државата, харизматична личност која е еднакво пофалена и критикувана, тајно се врати во Грузија на почетокот на октомври пред локалните избори, што беа многу важни за опастанокот на владата.

Владејачката партија на крајот победи на изборите со 46,7 проценти од гласовите, наспроти 30,6 проценти за Обединето национално движење на Саакашвили. Различните опозициски партии заедно собраа 53 проценти од гласовите и укажаа на масовни проневери.

Во поголемите градови, вклучувајќи го и Тбилиси, вториот круг од изборите ќе се одржи на 30 октомври.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime websites ANIMEFLIX My Hero Academia Season 2 (Dub)

anime stream Horimiya (Dub)

sites to watch anime ANIMEFLIX Hunter x Hunter (2011) (Dub)

ANIMEFLIX Dragon Ball (Dub) Episode 146

free anime online JUJUTSU KAISEN