October 28, 2020 05:48
Свет

Најмалку 40 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Зимбабве

Повеќе од 40 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Зимбабве, во која учествуваше автобус, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата соопшти дека најмалку 20 лица се повредени, од кои некои добија сериозни изгореници во сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот вечерта.

Таа додаде дека не ги знае деталите за несреќата, но на фотографиите објавени на Твитер од страна на Црвениот крст на Зимбабве ги виделе остатоците од целосно изгорениот автобус, објави АП.

Инцидентот се случи во округот Гуанда, околу 550 километри јужно од главниот град на Зимбабве.