Свет

Најмалку 12 загинати во судир на два воза во Бангладеш

Најмалку 12 лица загинаа и околу 100 се повредени во судирот на два воза во Бангладеш.

Несреќата се случила рано утрово во областа Брахманбарија, околу 100 километри источно од главниот град Дака.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат преживеаните. Бројот на загинати и повредените може да се зголеми во текот на денот.