January 29, 2023 13:45
Свет

Најмалку осум загинати во лизгање на земјиште во Италија

Најмалку 8 лица загинаа на италијанскиот остров Искија, откако лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд затрупа некои згради и автомобили рано наутро во саботата, објави во саботата новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција. Целосно се урнати пет куќи.

Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека „во тек е потрага по исчезнати лица“ во градот Касамичиола.

https://twitter.com/sscraffaele/status/1596437951025745920?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596437951025745920%7Ctwgr%5E8c2ac7865f7842602ea8098ad80e90078cbf917a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fnajmanje-osmero-ljudi-izgubilo-zivot-u-italiji-nakon-odrona-uzrokovanog-obilnom-kisom-15280034

Одронот повлече еден автомобил во морето, а двајца патници се спасени, додаваат пожарникарите.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од своите домови.