December 5, 2021 12:43
Свет

Најмалку десетмина загинати и неколку исчезнати во обилни дождови во Индија

Најмалку 10 лица загинаа откако обилни дождови ја зафатија индиската држава Керала, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави.

Поројните дождови од вчера ги принудија локалните власти да побараат помош од индиската војска за спасувачки операции.

Најмалку десет луѓе загинаа, а 11 се водат за исчезнати во најтешко погодените области Идуки и Котајам, објави државниот радиодифузер All India Radio. Меѓу исчезнатите има пет деца.

Интензитетот на дождот до утрово се намали во повеќето делови на Керала, но сепак постојано врне.

– Ситуацијата е навистина сериозна во некои делови на државата. Ќе сториме се за да спасиме животи. Побаравме помош од армијата, морнарицата и воздухопловните сили. Во окрузите се формирани кампови за помош, рече државниот министер Пинараји Вијајан, цитиран од весникот” „Хиндустан тајмс дејли”.

Индиската метеоролошка служба прогнозира слаби до умерени врнежи од дожд во регионот во наредните 24 до 48 часа.