October 1, 2020 18:19
Свет

Најмалку десетмина загинати во пожарите во Калифорнија

Најмалку десет лица загинаа во пожарите во Калифорнија, а 16 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Северна Калифорнија.

Полицијата во округот Буте пронајде седум тела, а три пронајде еден ден претходно.

Како што пренесуваат американските медиуми, се верува дека повеќе тела ќе бидат пронајдени кога спасувачките екипи ќе ги пребаруваат разурнатите области, со помош на тим антрополози од Универзитетот во Чикаго.

Пожарите во тој дел на Калифорнија траат веќе една недела, а досега се совладани околу 50 проценти од оние што се проширија на Сиера Невада, уништувајќи го поголемиот дел од градот Бери Крик.

Во пожарите изгореа 2.000 домаќинства и други згради.