April 19, 2019 17:14
Свет

Најмалку девет загинати и тројца повредени во пожар во хотел во Индија

Пожарот што избувна изутринава во хотелот „Арпит палас” во Њу Делхи однесе најмалку девет животипренесува „Соутник“, цитирајќи го директорот на Противпожарната служба во Делхи.

„Девет лица се мртви, меѓу кои има жена и дете, а тројца се повредени”, изјави Г. Ц. Мисра.

Според „Њу Индиан експрес”, пожарот е изгаснат.

Заменик-началникот на Противпожарната служба, Сунил Чудари, изјави дека повредените сехоспитализирани Двајца членови на персоналот на хотелот скокнале од четвртиот кат од хотелот во обид да се спасат, а нивната состојба се уште не е позната“.

Според извештаите во медиумите, причината за пожарот не е утврдена. Локалните власти почнаа истрага за инцидентот.

Наводно, спасени се 35 лица, а сите повредени биле однесени во болница. Еден локален службеник на Противпожарната служба изјави за агенцијата АНИ дека луѓето не можеле да ги користат коридорите за евакуација бидејќи биле затворени со дрвени облоги.

Нови вести

Елбриџ Колби: Германија има пасивен однос кон НАТО и руската закана

Filip

„Петоци за иднината”: Илјадници на протестот против климатските промени во Рим

Filip

Демократски конгресмени бараат објавување на целиот извештај на Малер

Igor