June 24, 2021 21:36
Свет

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени при уривање на трибина во синагога во Израел

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени при пад на трибина во незавршена синагога на Западниот брег, во пресрет на голем еврејски празник.

Трибината била полна со луѓе и се урнала за време на молитвите на почетокот на празникот Шавуот.

Портпаролот на израелската брза помош за телевизијата Канал 13 изјави дека на повредените им е укажана помош и оти загинале две лица, еден маж на педесет години и едно 12-годишно дете.

Спасувачките екипи дошле на местото на несреќата и ги однеле луѓето во болница.

Израелската армија соопшти дека испратила и лекари и припадници на спасувачките единици да им помагаат на повредените, а биле ангажирани и хеликоптери.

Градоначалничката Гиват Зеева рече дека зградата била недовршена и опасна и оти полицијата ги игнорирала претходните повици да преземе нешто.

Шефот на полицијата во Ерусалим рече дека несреќата е последица на небрежност и оти апсењата се неминовни.

GoGoAnime free anime: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 16 (https://gogoanime.be/m/Y90r/ep-16)

4Anime danganronpa 4anime: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full