February 24, 2019 04:50
Магазин

Најздравите и најдолговечни луѓе не одат во теретана

Доколку сакате да бидете здрави не ви се потребни тегови ниту справи за вежбање, а за да поверувате во тоа обратете внимание како живеат најдолговечните луѓе во светот.

Научниците кои го истражувале животот на луѓето во проект откриле дека еден од најуспешните начини за продолжување на животниот век е движењето. Сини зони се островот Икариа во Грција, Окинава во Јапонија, Барбаџија во Сардинија, малото гратче Лома Лонда во Калифорнија и островот Никоја во Костарика. Луѓето кои живеат во овие области доживуваат длабока старост и не се разболуваат од дегенеративни болести.

Досегашните истражувања покажуваат дека одењето на работа со велосипед или 15-минутно пешачење до работното место е подобро од било која физичка активност. Човечкото тело е создадено за движење не за седење, но движењето не значи одење во теретана и кревање тегови. Природното одење односно движење е дел од тоа што стогодишниците од Сината зона секојдневно го прават.

Related posts

Како старее човечкиот организам?

24info

Дневен хороскоп за 20 февруари

24info

Необични, а некои ги нарекуваат и “грди”: Овие патики често ќе ги гледаме и во 2019

24info