Спорт

Најдобар меч на Хрватска, но доволно само за тесен пораз од Данска

Данска ја победи Хрватска со 27:25, во последниот меч од денешната програма на Европското ракометно првенство. Со оваа победа Данска останува единствена непоразена во Група 1 и е на прагот од пласман во полуфиналето на континенталниот собир.

Хрватска по овој пораз остана без ниту еден бод во главната фаза и без шанса за висок пласман.
„Каубоите“ се надеваа на изненадување, се бореа целата средба, но не можеа против една од најкомплетните селекции на овој континентален собир. Хрватска со овој пораз ја загуби битката за медал, но истовремено сериозно се доближи до најлошиот пласман на Европските првенства во последните 18 години. Од 2004 година, па до денес, Хрватите беа најлошо рангирани на ЕП 2018 кога завршија како петти.

Данците во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот и не дозволија Хрватите во ниту еден момент да бидат во водство. Во средината од првиот дел Данска поведе со 8:4, но на полувреме фаворитот водеше само со еден разлика, 12:11.

Во второто полувреме Данците постојано водеа, но Хрватите не се предаваа. Беше 18:17, а во финишот разликата беше само два гола (26:24), но Данска не дозволи изненадување.

Најдобар кај Данците беше Микел Хансен со осум гола, пред Јакобсен со шест и Гидсел со пет, додека кај Хрватска најмногу се истакна Мариќ со осум, Лучин имаше четири, додека Мартиновиќ заврши со три гола.

Следната рунда за Хрватска носи дуел со Исланд, додека Данска ја чека средба со Холандија.

По три кола во Групата 1, табелата е: Данска 6 бодови, Франција 4, Исланд 4, Холандија 2, Црна Гора 2, Хрватска без бодови.

anime to watch. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

animefreaks website Komi Can’t Communicate

Redo of Healer

Hunter x Hunter (2011)

My Hero Academia Season 5

AnimeFreak My Hero Academia Season 2 Episode 22