August 12, 2020 03:59
Балкан

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 316 лица позитивни за коронавирус, што е најмногу од почетокот на епидемијата, соопштија надлежните власти.

Од тој број, 197 се заразени во Федерацијата БиХ, а 119 во Република Српска.

Во изминатите 24 часа пријавени се три смртни случаи во Сараево и Високо.

Од почетокот на епидемијата во БиХ, потврдени се 6.402 случаи на коронавирус, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 219.