December 9, 2022 00:59
Економија Свет

Најголемиот европски нуклеарен реактор „Олкилуото 3″ во Финска почна со пробно производство на струја

Нуклеарниот реактор „Олкилуото 3″ (ОЛ3) денеска почна со производство на електрична енергија, по значителното одложување на плановите, а се очекува со редовна работа да почне во декември, јави операторот ТВО.

„Електраната во моментов е најмоќната постројка за производство на електрична енергија во Европа”, се наведува во соопштението на финскиот оператор.

Капацитетот на OL3, што се наоѓа на југозападниот брег на Финска, е 1.600 мегавати.

Таа е трета најмоќна електрана во светот, по две кинески.

ТВО на почетокот на септември соопшти дека полната сила на  реакторот треба да се достигне на почетокот на октомври.

Стартувањето на реакторот OL3 се следи со интерес во Финска, со надеж дека ќе може да одговори на енергетските предизвици во текот на претстојната зима поради недостатоците предизвикани од прекинот на испораките на руски гас во Европа и електрична енергија во Финска.