December 5, 2022 09:03
Економија Свет

Најголемата групација за производство на пиво во Германија ја затвора фабриката во Франкфурт

Германскиот производител на пиво „Радебергер” најави дека ќе ја затвори фабриката за полнење во Франкфурт поради драматично зголемените трошоци.

„Најдоцна до октомври 2023 година, Групацијата ‘Радебергер’ ќе ги прекине активностите за производство и флаширање во Франкфурт т.е. во пиварницата ‘Биндинг’ и постепено ќе ги префрли брендовите и количините произведени и полнети таму на сестрински локации”, соопштија од компанијата.

Затворањето на капацитетите во Франкфурт ќе значи отказ за околу 150 работници. Седиштето на Групацијата „Радебергер” која е најголем производител на пиво во Германија останува во Франкфурт.

Поради драстичното зголемување на цените на сировините, енергенсите и логистиката, групацијата веќе ги зголеми цените на пивото, но тоа долгорочно не ги реши проблемите, потенцираат од „Радебергер”.