February 2, 2023 03:11
Свет

Најверојатно писмо бомба испратено и во Амбасадата на САД во Мадрид

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како шпанската полиција е распоредена пред Амбасадата на САД во Мадрид.

Се претпоставува дека се работи за уште едно писмо бомба.

Претходно, шпанскиот весник „Ел Паис” објави дека шпанската полиција пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомба пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.

Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.