Магазин

Најавен пробен лет на најголемиот авион со електричен погон

Најголемиот авион на електричен погон треба денеска да полета на пробен лет кој се очекува да трае околу 30 минути над американската сојузна држава Вашингтон, објави лондонскиот „Гардијан“.

Авионот марка цесна, тип караван, кој прима 9 патници, е опремен со електричен мотор, а денеска ќе се вивне на небото само со пилот, на пробниот лет со просечна брзина од околу 180 километри на час.

Користењето на електрични мотори во авионите би била револуција во воздушниот сообраќај, кој е семета за еден од најголемите загадувачи поради емисиите на јаглерод во атмосферата.