November 29, 2021 14:46
Спорт

Најавено зголемено учество на жените во спортот

Зголемување на учеството на жените во сите аспекти на спортот, како и воспоставување на стратешки механизми со цел зајакнување на родовата еднаквост во Олимпиското движење, ќе биде приоритет во програмата за идната година на Комисијата за родова еднаквост во спортот при Македонскиот олимпискиот комитет (КРЕС).

Претставувајќи ја програмата и планот за работа за 2022 година, претседателката на КРЕС Силвија Митевска на денешната прес-конференција во Скопје посочи дека приоритетите ќе придонесат кон креирање на родово-еднакви политики и родова стандардизација во спортските субјекти.

– Иако еднаквоста во спортската арена е од суштинско значење, сепак тоа не е доволно за вистинска еднаквост во спортот. Оттаму, наши приоритети ќе биде зголемување на учеството на жените во сите аспекти на спортот и програмата на КРЕС за 2022 година ќе подразбира и воспоставување на стратешки механизми за зајакнување на родовата еднаквост во олимпиското движење, изјави Митевска.

Целта е, потенцира, да постигнеме суштински и видливи резултати и да ги отстраниме бариерите што ги спречуваат жените и девојките да учествуваат во спортот.

-Она што ќе ни биде исклучително важно е да креираме систем за редовна комуникација со жените вклучени во федерациите кои се дел од Олимискиот комитет, како и навремена повратна комуникација за резултатите од нашата работа, за учество на идните настани поврзани со родова еднаквост и споделување на други новости. Дополнително, ќе обезбедиме целосна транспарентност и отчетност за нашата работа, додаде претседателката на КРЕС.

Свое излагање имаше и претседателот на МОК – Даниел Димевски кој ја понуди својата комплетна поддршка и изрази сигурност во однос на спроведување на процесите каде на жените ќе им биде овозможено еднакво учество во спортот.

Како дел од присутните беа еминентните спортистки: потпретседателката на КРЕС, Гордана Нацева и нејзините останати членови Ленче Алексовска Величковска, Пулексенија Јовановска, Наташа Мешкоска, Ирена Митровска и Гордана Цветковска Бошевска.

Website https://gogoanime.be: Watch Digimon: Digital Monsters 02 (Dub) gogoanime Episode 50 nisekoi gogoanime

Website https://wcostream.cc: Watch Case Closed: The Darkest Nightmare wcostream Episode Full we bare bears wcostream

Transformers The Headmasters Episode 35

Cardfight!! Vanguard: High School Arc Cont. (Dub) Episode 14

Animepahe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed