April 21, 2021 01:49
Култура

Најавени 20 поети на меѓународниот онлајн поетски фестивал „United World of Poetry”

Трето изданиe на  меѓународниот  онлајн поетски фестивал„United World of Poetry чиј организатор е македонскиот поет од Велес Игор Крајчев ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот на You Tube каналот. Најавено е учество на 20 поети од 17 држави во светот.

Mеѓу поетите, различните  јазици не се пречка на  комуникација, затоа што го зборуваат јазикот на поезијат, потенцира Крајчев.

 Свои стихови  ќе читаат  и големиот поет Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијатапоетот-лауреат на Сомервил и универзитетски професор на Универзитетот Масачусетс – Лојд Шварц од САД, потоа, една од најистакнатите македонски поетеси, академик Катица Ќулавкова, универзитетскиот професор на државниот универзитет UNIOESTE во Бразил – Антонио Доницети да Крузпрофесорот на универзитетот Линчубург во Вирџинија – Педро Лареа, САД/Шпанијапоетот-лауреат на Хардевијк, Холандија – Герт Зомер, еден од најдобрите британски перформанс поети, според весникот „Гардијан” – Марк Гвејн Џонс. 

Најавено е учество и на младата хрватска поетеса Моника Херцег, добитничка на „Мостови на Струга” за 2019 година на Струшките вечери на поезијата, познатиот руски поет и голем пријател на Македонија – Сергеј Главјук и многу други автори.

-Фестивалот „United World of Poetry” полека станува препознатлив кај голем број поетски имиња во светот, и се етаблира како значаен поетски бренд, уште еднаш ги обедини сите светски континенти и ги измеша светските јазици во еден убав поетски колаж, потенцира Крајчев.

GoGoAnime knights and magic gogoanime: Watch Bleach Episode 261 (https://gogoanime.be/m/60A/ep-261)

WCOStream wcostream amazing world of gumball: Watch Gintama Episode 192 (https://wcostream.cc/m/bL5/ep-192)