December 5, 2022 22:54
Македонија

Најавената интерпелација на Груби е прв тест за тоа дали ДУИ ќе ја издржи „огнената стихија“ !?

Извори од партијата БЕСА денеска најавија дека во текот на оваа недела, а можеби и веќе задутре во Собранието ќе поднесе интерпелација за работата на вицепремиерот Артан Груби.

Во меѓувреме таканаречената „огнена група“ на ДУИ во собранието доби уште еден пратеник во ликот на Кастриот Реџепи, а предводникот на групата, пратеникот Изет Меџити, претходно веќе најави дека ако има иницијатива за Груби, тој ќе гласа за.

Во 20 годишното постоење ДУИ важеше за една од најстабилните политички партии каде отворените прашња во партијата се менаџирале далеку од очите на јавноста.

Иако се случувале поединечни борби за превласт во ограниците на партијата, ова е првпат видни партиски членови јавно да искажат незадоволство од функционирањето на партијата, но и директно да ги вперат прстот кон нивен сопартиец, а тоа во случајот е Артан Груби.

Многумина за Груби сметаат дека токму тој ќе биде наследникот на Али Ахмети неприкосновениот лидер кој 20 години ја управува партијата.

Но со ова не се согласуваат истакнати партиски членови преводени од Меџити, кој и при гласањето на Владата по изборите во 2020 година се закануваше со гласање против, но на крајот новиот состав на Владата беше изгласан.

Очигледно е дека во ДУИ постојат сериозни разединувања, дека таа полека го губи приматот на компактна и обединета партија.

Најавената интерпелација за Груби е првиот тест за интегративците кој во голема мера ќе влијае на тоа како ДУИ ќе функционира во иднина и дали тоа ќе се одрази на односите во Владата и актуелното парламентарно мнозинство.

Поврзани вести

Мехмедовиќ: Состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројот за заразени е значително намален, а смртните случаи се вистинска реткост

Igor

Поевтинуваат бензините, цената на дизелот не се менува

Igor

Малолетник од Карпош ги испраќал минатонеделните закани за бомби во скопските училишта

Igor