October 23, 2020 10:21
Спорт

Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското првенство!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов конечно добија финале во сениорска конкуренција, ќе ја делат правдата на последниот меч од Европското првенство.

Големо признание за работата на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегирани се за финалето на Европското првенство.
Начевски и Николов веќе долго време важат за една од најдобрите судиски двојки во светот, но досега немаа судено финале во сениорска конкуренција.
Тие ќе бидат и наши претставници на Олимписките игри во Токио.
Финалето на Европското првенство се игра во недела со почеток од 16:30 часот.