July 26, 2021 04:11
Македонија

Началникот на ГШ на Армијата Шурчиновски во Сараево на конференција на Форумот Б-9

„Интеграции, соработка и партнерство: Фактори на регионална и глобална стабилност и безбедност – перспективи, предизвици и одговор на COVID-19″ е главната тема на четиринаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9), која се одржува денес во Сараево, Босна и Херцеговина на која  учетвува и началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што соопштија од ГШ, на конференцијата се дискутирало и за годишните извештаи од постојаните работни групи за асиметрични закани, воено образование, обука и координации.

Генералот Ѓурчиновски за време на обраќањето во сесиите се осврнал на значењето на овој Форум, кој како еден од столбовите на заедничка воена соработка има значајна улога во регионалната безбедност. Зборувајќи за предизвиците од пандемијата со Ковид 19 со кои се соочивме во изминатиот период, ја истакнал важноста на продолжување и унапредување на меѓусебната соработка и поддршка.

Целта на конференцијата, попозната како Форум „Б-9″ е зајакнување на воената соработка на балканските држави преку изнаоѓање на начин на заедничко разрешување на безбедносните предизвици, ризици и закани во регионот. Повеќе од активностите на конференцијата се состојат во координирање на заедничка обука и едукација, односно преку активностите се достигнува потребното ниво на интероперабилност, што овозможува заеднички активности во различни ситуации. Ова првенствено е поврзано со реализација на воени вежби, како и со проценка на асиметрични закани на Балканот.

Форумот „Б-9″ е основан по иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „Terms of reference” од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Следната, 2022 година, Република Северна Македонија предвидено е да биде домаќин на конференцијата, која се организира по ротирачка основа.

-Во рамки на конференцијата, генералот Ѓурчиновски оствари билатерални средби со дел од своите колеги учесници на конференцијата, на кои се разговарало за продлабочување на меѓусебните воени соработки, информираат од ГШ.

Генералот Ѓурчиновски, во текот на својот престој во Сараево ќе оствари официјална средба со началникот на здружениот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал Сенад Машовиќ, а ќе го посети и кампот Бутмир каде ќе има средба со командантот на мисијата ЕУФОР, генерал-мајор Александер Плацер.

Покрај началникот на здружениот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал Сенад Машовиќ, како домаќин, на Форумот „Б-9″ учествуваат и началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки: Република Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и Црна Гора и како набљудувачи Хрватска и Словенија. Специјални гости на конференцијата се претседателот на Воениот комитет на НАТО, маршал Стјуарт Пич како и високи претставници од Воениот комитет на Европската унија, Командата на САД за Европа и Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. На конференцијата воведно обраќање имал министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поджич.

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Genei wo Kakeru Taiyou: Fumikomenai Kokoro (https://aniwatch.pro/m/kqGD) Episode Full

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Sankichi and Osayo: A Genroku Romance Episode Full

https://wcostream.cc wcostream dragon ball. Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39

KissAnime Myspace: https://myspace.com/animemx0