June 29, 2022 00:27
Македонија

Националниот план за храна дава резултати, силно го помагаме производството на стратешки култури

Прес-конференција, Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани,

Време на светска економска криза не треба да биде време на блокади, туку време кога кога се покажува посветеноста кон доброто за народот.

Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да почне да се однесува конструктивно, затоа што во спротивно, ќе ја понесе одговорноста пред 18.000 тутунари, кои ги чекаат субвенциите за тутунот.

Ќе ја понесат одговорноста и пред 10.000 сточари, кои ги чекаат субвенциите за добитокот.

Ова се реални потреби на нашите земјоделци во период кога целиот свет се соочува со недостиг на храна.

И додека опозицијата прави опструкции, директно на штета на граѓаните, Владата продолжува со сите можни механизми да им помогне на граѓаните да се ублажи ударот од светската економска криза.

Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски спроведува инвестициски бум во земјоделството.

Националниот план за производство на храна ги покажува првите резултати:

Илјадници хектари слободно државно земјоделско земјиште се става на рапсолагање за повеќе намени, од кои најголемиот дел за производство на стратешките култури.

Интервентниот фонд веќе започна со првите исплати, односно за набавено вештачко ѓубре беа исплатени 15 милиони денари на над 1000 земјоделци.

Се активираа со целиот свој потенцијал мерките за финансиска поддршка за модернизација преку поддршка за набавка на трактори, мерка за која интересот е максимален, како и останатите мерки за кои јавноста е редовно информирана.

Пред само неколку денови, премиерот Ковачевски и министерот за земјоделство Николовски врачија 322 договори за финансиска поддршка за инвестиции во системи за наводнување.

Најавени се и четири нови мерки во интерес на земјоделците:

Се обезбедуваат дополнителни три денари по килограм за оризова арпа продадена во регистрирани капацитети за откуп.

Се обезбедуваат три денари по килограм за јаболка предадени во преработувачки капацитети.

Се обезбедуваат дополнителни 3.000 денари за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалишта, и исполнуваат услови за биосигурност.

Поддршката е активна буквално во сите потсектори.

Малите семејни винарии го бележат својот развој токму од владата предводена од СДСМ. Викендов, 59 мали винарии добија грантови до 10.000 евра во вид на неповратна поддршка за набавка на опрема за производство на вино.

Продолжуваме да работиме посветено во интерес на граѓаните, особено на земјоделците кои ја имаат најблагородната задача во општеството, а тоа е да произведуваат храна. СДСМ е тука за сите вас.

 

nạp tiền go88 bằng sms

tải sunwin sunwin nohu sunwin bịp