December 9, 2022 23:33
Свет

Научниците со предупредување: Oткриен нов вид на коронавирус, ги заобиколува постоечките вакцини

Научниците кои се занимаваат со откривање на нови вируси открија нов вид на коронавирус кај лилјаци што може да предизвика проблеми кај човечката популација. Тие открија дека овој нов вид може да зарази човечки клетки и веќе може да ја заобиколи имунолошката заштита од постоечките вакцини против болеста Ковид-19,според медиумите во светот.

Во студија објавена во научното списание „PLoS Pathogens“, авторите пишуваат како пронашле група на коронавирус слична на САРС-КоВ-2, за кој првично беше откриено дека живеее во лилјаци во Русија во 2020 година. Сепак, научниците не мислеа дека овој нов вирус, наречен „Khosta-2“, ќе претставува закана за луѓето.

Тимот предводен од Мајкл Летко, доцент на Факултетот за глобално здравје „Paul G. Allen School for Global Health“ на Универзитетот во Вашингтон има направено детална анализа при што е откриено дека вирусот може да ги зарази човечките клетки.

Вирусот „Khosta-2“ се врзува за протеинот, ACE2, кој САРС-КоВ-2 го користи за да влезе во човечките клетки.

„Рецепторите на човечките клетки се начинот на кој вирусите влегуваат во клетките. Ако вирусот не може да влезе низ вратата, тогаш не може да влезе ниту во станицата, а тешко е да се утврди каква било инфекција“, објаснува Летко.

Сепак, според најновите истражувања, се покажало дека вирусот „Khosta-2“ го нема тој проблем, бидејќи се чини дека лесно ги инфицира човечките клетки. Она што е многу позагрижувачко, според научниците, е што кога Летко го комбинира серумот од луѓе кои беа вакцинирани против Ковид-19 со „Khosta-2“, антителата во серумот не го неутрализираа новиот вид на коронавирус. Истото се случи кога го комбинираа вирусот „Khosta -2“ со серум од луѓе кои се опоравиле од инфекцијата со омикрон сојот, покажале истражувањата.

„Не сакаме никого да плашиме и да кажеме дека се работи за вирус целосно отпорен на вакцини. Но, загрижувачки е тоа што во природата циркулираат вируси кои ги имаат овие својства, можат да се врзат за човечки рецептори и не се толку неутрализирани со сегашните одговори на вакцината“, вели Летко.