Свет

Научник од Оксфорд: Сеедно која вакцина ќе ја примите, нема потреба од страв

Професорот од универзитетот Оксфорд, со хрватско потекло, Кристијан Рамадан беше гостин во телевизиско интервку и рече дека не го прославил отворањето во Велика Британија пред две недели, затоа што, како што кажа, не е време да се слави.

„Британија покажа добар тренд бидејќи заклучувањето беше жестоко, а паралелно со тоа започна и интензивна кампања за вакцинација, со што беа заштитени над 95% од ранливата популација“, рече тој за ХРТ.

„Сега се покажуваат одлични резултати, инфекцијата е многу мала и немаме многу смртни случаи“, додаде тој.

Вакцинацијата во Британија започна со вакцината „Фајзер“ во декември и вакцината на „Астра знека“ во јануари. Рамадан вели дека истата се спроведува одлично и дека нема премногу несакани ефекти што и се припишуваат на „Астра знека“, односно дека тоа се многу ретки случаи.

„На 4 милиони вакцинации, за жал има еден смртен случај, но ако тоа се спореди со Ковид-19, каде има по една смрт на 46 лица, јасно е дека споредбата е невозможна. Може да се види дека вакцината помага, но нормално е дека понекогаш има одредени несакани ефекти кај некои лица“, додаде тој.

Тој истакна дека луѓето треба да се вакцинираат, без оглед за која вакцина станува збор и дека треба да се охрабрат на таков потег.

„Во Велика Британија нема дилема за тоа која вакцина да се одбере, која и да се прими резултатите се видливи“, рече професорот Рамадан.

ANIMEFLIX animeflix a silent voice: Naruto (https://animeflix.nl/m/R3dg) Episode 220

AnimeDao food wars animedao: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12