October 26, 2021 07:06
Македонија

Научен собир во чест на Крсте Петков Мисирков: Научните факти треба да послужат како опомена за последиците од нивно игнорирање

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Со истакнување на моќни цитати напишани од раката на Крсте Петков Мисирков, а кои се однесуваат на меѓусосетските односи, словенскиот карактер на македонскиот јазик и идентитет, како и нивната заштита, денеска пред МАНУ беше одржан научен собир посветен на авторот и основоположникот.

Според преставниците од МАНУ, овој собир посветен на Мисирков има посебна улога и значење и негова основна задача е да се укаже на научните факти, кои треба да послужат како опомена за последиците доколку истите се игнорираат.

Во своето воведно обраќање претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, рече дека Мисирков во своите дела ја истакнува важноста на историјата и идентитетот на државата, како и дека животниот пат на Мисирков е и за денешни услови неверојатен.


– Мисирков живее живее низ 20 градови, но неговата дејност е пред се сврзна со Битола и Скопје. Во статијата самоопределувањето на македонците, Мисирков ќе напише: „Наоѓам исто така дека ако Србите и Бугарите не се помират и ако Македонците не бидат впрегнати во доброволна сорботка со Бугарите и Србите за запирање на грчкиот бран кој бавно но сигурно се движи од југ на север, ние сите и Србите и Бугарите и Македонците ќе потонеме во неслоганско море што од сите страни не опкружува, мислам дека само во слогата во соработката меѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас“.

Воедно Коцарев потенцира дека многу години подоцна државава се уште се соочува со како што ги нарече непринципиелни закани уцени и ненаучни аргументи.

– За жал денеска сме соочени со непринципиелни закани уцени и ненучни аргументи бесмислено барање дека македонскиот идентитет мкеоднскиот јзик имаат бугарски корени, апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што бара една соседна земја. Македонија се надевам дека нема да отстапи од одбраната на македонскиот идентитет и јазик, тие имаат словенски карактер, ама не бугарски. Геополитичките игри во некои можни сценарија може да предизвикаат штетни последици и за Македонија и за Бугарија, за тоа треба да бидат свесни и македонските и бугарските политичари така збороцивте на мисирков 100 години подоцна се многу актуелни „Други ќе печалат ние ќе губиме“, изјави тој.

Тој изрази надеж дека собирот ќе придонесе разумот и научните аргументи да станат единствена водилка за подобра и просперитетна иднина на државава во која македонскиот идентитет и јазик ќе го задржат словенскиот карактер.

Според академик Катица Ќулавкова, историјата на општеството има два фокуса, па така таа вели дека едниот е национален и поврзан со развојот на државата а другиот е културен и заинтересиран за идентитетските спреги на релација индивидуа, нација, држава.

– Тоа е така затоа што културата и цивизилзацијата колку и да се различни сепак се во заемна рецепција, запишаната и усвоена историја е цивилизациски чин, проекција на колективната меморија, сином за национален консензус, рамнотежа меѓу стварното и имагинарното, значи колку што има култура во цивилизацијата толку има цивилизација во културата, токму затоа сите стабилни истории се плод на контактот меѓу историјата и митската свест, меѓународната и писмената култура и меѓукултурната и политичката автономија, заклучи Ќулакова.

На научниот собир беше истакнато дека Мисирков не е само основоположник на културната историја, туку и дека ја издигнува истата на високо европско научно рамниште.

Претставниците од МАНУ сметаат дека културната историја на државава е конципирана од Мисирков претставува истражувачка и емпириска платформа како и научна дисциплина со своја теориска методолопка и интерпретативна заснованост. Велат, Мисирков ја проучува македонската култура во контекст на пошироките словенски јужнословенски и балкански етнокултури и нивните развојни процеси.

– Придонесот на Мисирков во таа смисла во развојот на македонската културна историја како научна дисциплина е значајна затоа што се рефлектира врз освестувањето и легитимација на македонскиот етнички културен иденетитет што претставува услов за стекнување на политичкиот суверенитет на Македонија, поентира Ќулакова.

Таа додаде дека македонската културна историја и денес е исправена пред старите предизвици за кои што Мисирков се надевал дека ќе се разрешат точно пред едно столетие.

– Изложеноста на Македонија на повеќедецениски ултиматуми во процесот на интеграцијата поради идентитетските спорови е доказ за виталноста на гехегемонизмот и за комплементарноста на балканските културни и политички претензии. Хегемонизмот има своја прагматична догматска филозофија која бара научно заснован одговор и не следи политички страсти, заблуди и полувистини туку јасни рационални праведни и цивилизирани решенија, вели таа.

Витомир Митевски констатира дека тоа што некогаш се сметало за минато и надминато денес по 120 години со оглед на како што ја натрече трагичната состојба во која се најде макеоднскиот народ и неговата држава сето тоа според него денеска повторно е актуелно.


– По 75 години државност на Македонија се повампирија старите апетити, на некој начин соседски се отворија нови прашања и стари рани, се копа и рие по она што ни е најсвето, сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ тмурни облаци се надвинсаа над Македонија со закана да го згубиме она што со генерации е градено создадено со љубов ентузијазм и платено со животи, во исто време сме под закан да ја изгубиме дури и идинината на наншиот народ во ова време невреме е потребно воедно и поучно да се навратиме на некои основни тези на Мисирков, порача Митевски.

Исто така, на настанот беше потенцирано дека процесот на ерозија на идентитетот на македонскиот народ преку бришење на сите национални културни одлики зема силен замав особено по таканречениот преспански договор и сега се шири на сите нивоа.

Инаку, Крсте Петков Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби. свс/сп/

AnimeBee: Aquarion Evol anime episode 26 online free at https://animebee.to anime websites

Website https://animeflv.uk: Watch Space Pirate Captain Herlock: Outside Legend - The Endless Odyssey animeflv Episode 13 free anime

Koisuru Asteroid: KiraKira Zoukan-gou (https://gogoanime.be/m/2EQ7) Episode 12 - Raw

Heavy (https://twistmoe.net/m/6PVq) Episode Full

Wpc hotlog: http://wpc.hotlog.ru/profile.php?user_id=414159

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/gogoanimelol