December 1, 2021 13:27
Скопје

Наумоски: Со чист образ ја барам довербата од вас да продолжиме да работиме посветено за Ѓорче и во следните четири години

-Ѓорче е посебна сорта и горди сме на тоа. Во Ѓорче нема етнички, верски, партиски поделби кога се работи за нашето маало, за нашата населба, за нашата општина, ова го порача Наумсоки на вечерашниот митинг пред ѓорчепетровци од кои побара втор мандат како гарант за продолжување на развојот на општината.

Наумоски претставувајќи ја својата програма Најдоброто за мојата општина која се состои од 200 проекти, предводена од пет капитални, поддршка за истите побара од централната власт но и од градот.

– За реализација на регулација на коритото на Лепенец и изградба на резервоар за вода на Оризарски рид, очекувам поддршка од актуелниот и иден градоначалник на Скопје Петре Шилегов.
Петре знам дека збориш дека сум тврдоглав, своеглав дека сум тежок за соработка, едно да си знаеш, Петре за Ѓорче јас сум бетон, ама армиран бетон. Пред четири години овде во Ѓорче ти реков дека дерман нема да имаш од мене за проектите кои се во твоја надлженост и така и беше -рече Наумоски.

Исклучителна улога за напредокот на општините има и Премиерот, кој политичката кариера ја започнува токму од локалната самоуправа, рече Наумоски:

– Ама премиере и ти нема да имаш дерман од мене кога се работи за наше Ѓорче.

Претседателе, од вас како прв човек во Владата за овие проекти очекувам силна поддршка и уверен сум дека ќе ја добијам. Сте воделе општина и сами знаете колку е тешко да се менаџира со капацитетот на градинките и училиштата кои се ограничени, а потребите на граѓаните се оправдани и реални.

Наумоски ги повика своите жители на 17 октомври да му ја дадат поддршката, затоа што тоа е единствениот избор кој ѓорчепетровци можат да го направат за развојот на Ѓорче Петров.