Поранешниот амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 степени“ најави дека е можно во Бугарија да се формира ново парламентарно мнозинство кое би можело да донесе нова декларација за Македонија.
-Петков е соочен со проблеми и во владејачката коалиција и со опозицијата. Доколку одат на предвремени парламентарни избори до крајот на годината веројатно и таму ќе треба да се прилагодат коалициите. Не би ме зачудило доколку евентуално мнозинство за некаква нова декларација во бугарскиот парламент се состави и со поддршка на поранешната владејачка партија ГЕРБ, вели Наумовски.