November 22, 2019 04:36
Свет

НАТО ја предупреди Турција на последиците од инсталирањрто на С-400

НАТО денеска ја предупреди Турција на „потенцијалните последици” од купувањето на рускиот протививздушен ракетен систем за одбрана С-400, откако во оваа земја пристигна првата пратка со дел од опремата, јави ДПА.  

„На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат, но ние сме загрижени за можните последици од одлуката на Турција да се стекне со системот С-400″, изјави  официјален претставник на НАТО.

“Интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за НАТО во спроведување на нашите операции и мисии”, додаде официјалниот претставник, притоа потенцирајќи дека Турција соработува со другите сојузници во развојот на системите за воздушна и ракетна одбрана од голем дострел, јави ДПА.

Нови вести

Во Мексико годинава два проценти повеќе убиства отколку во 2018

Igor

Трамп: Иран го блокираше интернетот за да не се чуе што зборувам

Igor

Франција сега е прва европска земја за барања за азил

Igor