January 26, 2021 06:44
Свет

НАТО во февруари ќе одлучи за мисијата во Авганистан

На следната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, закажана за февруари следната година, Алијансата ќе донесе одлука за продолжување на својата мисија за обука во Авганистан, изјави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

-Ќе се соочиме со тежок избор, кажа поранешниот норвешки премиер, пренесоа британските медиуми.

„Или да се остане и да се плати цената на воениот ангажман, или да се замине и да се ризикува да се изгуби се што постигнавме и мировниот процес да пропадне”, додаде тој.

САД минатата недела соопштија за ново намалување на својот персонал од Авганистан, од 4.500 на 2.500 лица.

„И покрај ова соопштение, мисијата на НАТО ќе продолжи”, кажа Столтенберг, додавајќи континуирана поддршка за „авганистанските безбедносни сили”.

Генералниот секретар на НАТО постојано предупредува на предвременото повлекување на армијата од оваа азиска земја, тврдејќи дека со тоа таа повторно ќе стане база за терористички напади врз западните земји.

САД се присутни во Авганистан од инвазијата во 2001 година, по нападите на 11 септември врз Њујорк и Пентагон,  а НАТО својата мисија ја почна од 2003 година, што во 2014 година им ја предаде на авганистанските сили.

Watch One Punch Man 2nd Season (Dub) Episode 1 (https://animeheaven.pro/m/MQAM/ep-1) at website https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball super

Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 2 at ANIMEFLIX hotarubi no mori e animeflix