October 26, 2021 21:09
Скопје

„НаТочак“: Имаме разбирање за пробивање, не за проширување на улицата Васко Карангелески

Неформалната иницијатива „НаТочак“ се јави со контра реакција на соопштението на Град Скопје, според кое, иницијативата дала согласност за проширување на улицата Васко Карангелески поради кое жители на Аеродром денеска одржаа протест.

Во соопштението Град Скопје, кое протестот организиран од „Зелен Хуман Град“ го нарече манипулација со граѓаните за зеленилото на улицата, тврди дека на претставник од „НаТочак“ му бил претставен проектот за проширување на улицата и дека тој искажал разбирање за проширувањето, додека четири дена подоцна на истата локација, градот со поддршка на иницијативата го реализирала настанот „Улици за луѓе“.

-Иницијативата поттикната од НаТочак за организирање на повторувачки настан „Улици за луѓе“ на повеќе локации низ градот (на месечно ниво), беше по којзнае кој пат подадена рака од иницијативата кон Градот за промоција и популаризација на немоторизираниот сообраќај, мирен маалски живот и за воспоставување партнерски однос за унапредување на идните големи сообраќајни промени што ги очекуваме во Скопје. Но, на споменатиот состанок во Град Скопје, одржан наменски за дефинирање на концептот за „Улици за луѓе“, претставниците на Градот презентираа ЗАВРШЕНО И ОДОБРЕНО решение за пробивањето на улицата Васко Карангелески, за кое што веќе беше започнат тендерот и во кое што немаше простор за големи интервенции. Од претставникот на НаТочак, иако беше искажано разбирање за пробивањето (не за проширувањето) на улицата, неколку пати во текот на состанокот беше нагласено дека проектот треба да го вклучи постоечкото зеленило со повеќедецениски дрворед, да го задржи широкото шеталиште, и да обезбеди мирен простор за движење за учениците и пензионерите што често го користат тој простор. Претставниците од Градот декларативно се согласија повторно да го разгледаат просторот и да пробаат да изнајдат начин за задржување на шеталиштето, велат од „НаТочак“.

Истовремено, оттаму додаваат дека во периодот што следувал не се организирал ни вториот настан на „Улици за луѓе“, ниту пак, како што велат, градот ги известил дека работеле на алтернативни решенија за улицата.

„Дополнително, ниту еднаш не беше понудена можност за консултации однапред за новите ‘реконструкции’ на градските улици со цел унапредување на квалитетот и безбедноста за пешаците и велосипедистите. Консултации не се прават на веќе одобрени решенија. Тоа е информирање, не консултирање. Улици за луѓе не се прават без консултација со луѓе. За крај, бараме од Град Скопје и сите институции на кои сме им ја понудиле нашата помош да не ги користат состаноците каде ни биле презентирани веќе одобрени проекти како алиби за лошите решенија на терен, велат од иницијативата.

Website https://animefreak.ws: Watch Uchuu Senkan Yamato: Fukkatsu-hen animefreak Episode Full anime freaks anime

ANIMEFLIX: Inugami-san to Nekoyama-san: Nekoyama-san to Onsen Ryokou anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix boku no hero

Website https://animeheaven.pro: Watch Last Exile: Fam, the Silver Wing (Dub) animeheaven Episode 21 weathering with you animeheaven

Watch anime online for free at AniWatch aniwatch me

Able2know: https://able2know.org/user/animefreakws/

Cults3d: https://cults3d.com/en/users/animeflixnl