October 13, 2019 15:22
Скопје

Настап на Градскиот дувачки оркестар по повод 11 Октомври

По повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Народе македонски,
Работнички марш, Ваташа и Огномет на слободата.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.

Нови вести

Детската заштита во Ѓорче Петров на прав пат, нова градинка во Волково со капацитет од 175 деца

Filip

Од вторник- Отворен ден со градоначалникот Богдановиќ во Општина Центар

Igor

Почна демонтажата на времениот објект на покривот од ГТЦ

Filip