June 25, 2022 20:24
Македонија

Настан „Младите ја преземаат Владата”

Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од Делегација на ЕУ во земјава.

Делегацијата на Европската Унија и Europe House оваа година го одбележуваат Денот на Европа во контекст на тоа што 2022 година е Европска година на младите.

Триесет млади активисти и Млади европски амбасадори од Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан два дена дискутираа за решенија кои се однесуваат на регионалната соработка и помирување, менталното здравје, и климатските промени/Зелениот договор на ЕУ.

Овие области се тесно поврзани со Европските младински цели, односно, тие се од интерес за младите лица од цела Европа. Наменета за поддршка, ангажман и зајакнување, конференцијата ги промовираше европските вредности меѓу младите од целиот Западен Балкан (ЗБ6), наведоа од Делегацијата на ЕУ.

Преземањето на Владата претставува заклучок од регионалната конференција. Во присуство на амбасадорот Дејвид Гир, тројца назначени известувачи – Бледни Ходаи за регионална соработка и помирување, Мимоза Сеармифовска за ментално здравје и Марија Бургиева за климатски промени/Зелениот договор на ЕУ – ќе ги презентираат резултатите од дискусиите на конференцијата пред премиерот Ковачевски и членовите на владите.

Целта на „преземањето” е олеснување на директната дискусија меѓу младите и ресорните министри, заменици министри и владини претставници. Во согласност со целите на Европската година на младите, овој настан ќе ја истакне значајноста на активната улога на младите во општеството за градење подобра иднина.

https://go88.gg/

nạp tiền sunwin sunwin đánh bài game đánh bài sunwin