December 9, 2022 23:46
Скопје

Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа

Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа.

И покрај немањето слух на централната власт за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа, а за што говорат и намалените дотации и трансфери во време на сериозна енергетска и економска криза, Општина Аеродром останува цврсто на ставот дека неопходно е учениците да останат во училишните клупи. Секоја одлука спротивна на ова негативно ќе се одрази на целиот образовен процес.

Општината Аеродром ќе ги преземе сите неопходни чекори со цел младите да можат да посетуваат редовна настава и да не се загрози образовниот процес. Вклучително и преземање на целиот товар кој ќе преоизлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено.

Потсетуваме дека општина Аеродром веќе презема сериозни мерки за штедење електрична енергија. Сите основни училишта беа опремени со фотоволтаици со што се зголеми нивната енергетска независност и значително се намалија трошоците, а неколку училишта добија енергетски ефикасни фасади.

Учениците и непреченото одвивање на наставата со физичко присуство се наш врвен приоритет, а општината Аеродром останува цврсто посветена во обезбедувањето соодветни услови за настава и згрижување на најмладите.