June 14, 2021 07:40
Свет

Насилствата од Газа се шират кон Западниот брег, убиени најмалку 10 Палестинци

Насилството од Појасот Газа денеска се прошири и на Западниот брег, каде се забележани најголемите протести од 2017 година – стотици луѓе во најмалку девет градови запалија автомобилски гуми и фрлаа камења кон израелските војници.

Војниците отворија оган и убија 10 Палестинци на Западниот брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека се ранети повеќе од 150 Палестинци.

Во Газа, бројот на жртвите во судирите со израелската армија, што почнаа во понеделникот вечерта, се зголеми на 122, вклучувајќи 31 дете и 20 жени, а 900 лица се ранети.

Хамас  потврди смрт на 20 нивни членови, но Израел вели дека бројот на убиени екстремисти е многу поголем. Израелските медиуми објавија дека во Израел биле убиени девет лица, од кои две деца, еден војник и пет жени.

Најмалку 1.800 ракети биле истрелани кон Израел од почетокот на конфликтот голем дел од нив уништени од заштитниот израелски систем Железна купола.

Израел мобилизираше 9.000 резервисти вчера да им се придружат на трупите што се собираат на границата со Газа, а воениот портпарол најави можна копнена операција во таа густо населена област, но тоа не се случи засега.

Портпарол на военото крило на Хамас изјави дека организацијата не се плаши од копнена инвазија, проценувајќи дека тоа би можело да биде шанса за заробување израелски војници.

Насилните судири меѓу Арапите и Евреите во Ерусалим и други градови низ Израел, населени со мешано население, отворија трет фронт, истакнувајќи ја комплексноста на конфликтот меѓу двата народа што не е видена во последните две децении.

Најновите судири беа предизвикани од ракетен напад на Хамас врз Израел во знак на солидарност со над 700 Палестинци ранети во Ерусалим минатиот викенд во судири со израелската полиција пред џамијата Ал Акса.

AniWatch anime websites: Watch SK8 the Infinity Episode 3 (https://aniwatch.pro/m/ROoq/ep-3)

AnimeHeaven one piece anime heaven: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full