April 2, 2020 19:18
Свет

Насилни протести во Њу Делхи, седум загинати и 150 повредени

Најмалку седум луѓе загинаа, а 150 се повредени во насилните протести во Њу Делхи, кои избија поради новиот закон за државјанство, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извори.

Судирите избиле меѓу групи демонстранти, кои се залагаат за нов закон и оние кои се противат на истиот.

На улиците излегоа повеќе илјади луѓе, а полицијата употребила солзавец и димни гранати, но имала проблем да ги растера насобраните кои фрлале камења.

„Седум луѓе загинаа, вклучително и еден млад полицаец“, рекол полицаец од престолнината на Индија.