December 9, 2021 01:32
Магазин

НАСА: „Луси” има проблеми

Американската вселенска агенција НАСА лансираше ново летало викендов. Роботското вселенско летало наречено „Луси” беше испратено во вселената за да ги истражи астероидите околу Јупитер, но беа откриени проблеми со еден од двата главни сончеви панели, кои се клучни за собирање сончева светлина и генерирање енергија за 12-годишното патување низ Сончевиот Систем.

„Луси” полета во саботата, 16 октомври, а до астероидите треба да стигнат до 2027 година. Но, еден од панелите не се расклопи целосно. Што значи ова за иднината на мисијата сѐ уште не е познато, но НАСА соопшти дека тимот работи на анализа на проблемот и одлучување за следните чекори. Во меѓувреме, двата соларни панели генерираат енергија и ја полнат батеријата, така што проблемот се чини дека нема негативно влијание, засега.

„Сите други системи функционираат нормално. На сегашната височина, вселенското летало ‘Луси’ може да продолжи да работи без опасност по безбедноста”, се вели во пораката на НАСА.

Сепак, неправилно расклопен сончев панел може да направи проблем кога „Луси” ќе биде подалеку во Сончевиот Систем. Леталото трипати ќе орбитира околу Земјата за да ја искористи нејзината гравитација. Треба да посети седум астероиди, како и еден во главниот појас. Леталото има долг пат, и собирањето сончева енергија е клучно.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 17

My Hero Academia Season 2

GoGoAnime Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 20

gogo anime tv Attack on Titan Final Season (Dub)