June 16, 2021 16:11
Економија

Народната банка странските инвестиции за годинава ги проектира на три проценти од БДП

Народната банка за годинава очекува порст на странските инвестиции во земјава и постепено стабилизирање на износот на дознаките од странство, но не и дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво. За годинава проекциите  во однос на странските инвестиции се дека ќе изнесуваат 3 проценти од БДП.

-Странските директни инвестиции историски кај нас се доминатна компонента во финансиските приливи и имаат значајна улога во обезбедување на вкупен девизен потенцијал во нашата економија. Во преткризниот период тие во просек се движеа околу 3,5 проценти од БДП. Минатата година како што имаше во глобални рамки пад на странските директни инвестиции, имаше и кај нас, и тие се намалија на ниво 1,9 проценти од БДП. Оваа година во услови на проектирано глобално закрепнување во услови на проектирана глобална ликвидност меѓу меѓународните финансиски пазари што би требало да влијае на намалување на неизвесноста и да ја намали аверзијата на ризик на странските инвеститори, се очекува постепено нивно закрепнување, рече на прес-конференција гувернерката на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска. 

Таа нагласи дека за годинава тие се проектирани на ниво од околу 3 проценти од БДП, што, како што рече, значи дека веднаш не се очекува да се вратат на преткризното ниво. 

Дознаките од странство, кои, како што укажа гувернерката, претставуваат значаен извор на девизни приливи во нашата економија, пак, во просек во преткризниот период изнесувале околу 15 проценти од БДП.  Минатата година имало пад за 24 проценти, а годинава се очекува постепено стабилизирање, но не и враќање на нивото пред кризата. 

Согласно со нашите очекувања, но и очекувањата на меѓународните финасиски институции во глобални рамки, нагласи Ангеловска Бежовска, дојде до пад односно забавување на приватните трансфери во услови на пандемијата.

-Секако тоа се случи и кај нас. Минатата година забележавме пад од околу 24 проценти на дознаките од нашите иселеници, а главните причини може да се лоцираат во два пункта – прво пандемијата која секако ги погодува синхронизирано сите економии, пазарите на труд, го намалува и расположливиот доход на нашите иселеници и оттаму можноста и капацитетот испраќање на дознаки и второ рестрикциите во делот на мобилноста, што е всушност видливо кога ќе се погледне самата структура приливите по основ на дознаките.  За оваа година по падот имаме постепено стабилизирање на износот на дознаките, но и  не очекуваме дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво, рече гувернерката одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на макроекономските проекции. 

ANIMEFLIX hotarubi no mori e animeflix: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 71 (https://animeflix.nl/m/e5op/ep-71)

AnimeFreak anime freak one piece: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 4 (https://animefreak.ws/m/9jXL/ep-4)