September 23, 2019 08:37
Култура

Наредниот конгрес на AIESEE ќе се одржи во земјава

Тринаесеттиот конгрес на Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE) ќе се одржи во нашата земја. Тоа било одлучено на 12. конгрес на Асоцијацијата што од 2 до 6 септември се одржа во  Букурешт, каде што со реферати учествуваа претставници на Македонскиот националниот комитет на AIESEE, со седиште во МАНУ.

МАНУ денеска соопшти дека со акламација бил прифатен предлогот на раководството на Асоцијацијата 13-тиот конгрес да се одржи во земјава.

– Тоа е голема чест за нашата земја и за нашиот Национален комитет и признание за извонредниот придонес на македонските научници и творци од областа на науките и  уметностите во работењето на AIESEE, соопшти МАНУ.

Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE)  работи под покровителство на УНЕСКО и истражува различни теми од областа на науките и културата на балканските простори и на просторите на Југоисточна Европа: историја, историја на уметноста, култура, археологија, право, економија…

Нови вести

„Златна камера 300″ за француската кинематограферка Хелен Лувар

Igor

На ИФФК „Браќа Манаки” доделена награда за најдобар документарен филм

Igor

50 години Светска галерија на карикатури Скопје 1969-2019

Igor