Спорт

Наполи ја прегази Салернитана, Елмас блескаше со асистенција и изнуден пенал (ВИДЕО)

Наполи дојде привремено на второто место во италијанското Калчо со четири бода заостаток зад лидерот Интер, после убедливите 4-1 попладнево на наполитанците против фенерџијата Салернитана, во меч на кој блескаше македонскиот дијамант Елиф Елмас со асистенција и изнуден пенал во првото полувреме.

Наполи го прескокна Милан после денешната победа во пресрет на вечерашното дерби на „росонерите“ против Јувентус, а наполитанците за помалку од еден час ја завршија работата против најслабиот тим во Калчото.

Во првиот дел блескаше Елмас, кој во 17-та со асистенција со рамо му овозможи на Жуан Жесус да даде гол за водство, а потоа имаше свое вистинско шоу откако цела одбрана на Салернитана ја издрибла за да изнуди пенал, откако противниците не можеа да го задржат, па Дрес Мертенс во судиското надополнување во првиот дел погоди за второ водство со 2-1, откако Бонацоли во 33-та даде гол за израмнување.

Елмас со асистенцијата дојде до скор од шест гола и пет асистенции досега за Наполи во сите натпреварувања, а со триумфот наполитанците останаа во трката за скудетото, иако имаат меч повеќе од лидерот Интер.

И само што почна вториот дел, набрзина Наполи додаде уште два гола, прво Амир Рахмани по асистенција на Мертенс во 47-та, а потоа Лоренцо Инсиње од пенал во 51-та за да се реши прашањето за победникот.

Специја со голот на Верде во 69-та минута ја победи Сампдорија во една од битките за опстанокот, по што Специја сега влезе во мирни води со осум бода над опасната зона. Торино и Сасуоло ремизираа 1-1 во меч на кој Санабрија им донесе водство на „биковите“ по 16 минути игра, а Распадори го спаси Сасуоло од пораз на две минути пред крајот, па двата тима останаа еден до друг на табелата. Торино е 10-ти со 32 бода, а Сасуоло на 11-то место со 29 бода.

watch anime. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

watch anime free The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

AniWatch Dragon Ball (Dub)

Fairy Tail Episode 173

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 6