September 23, 2019 18:18
Фудбал

Наполи одбиле понуда од 55 милиони евра за Алан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид испратиле понуда до Наполи за услугите на Алан, меѓутоа Наполитанците веднаш ја одбиле.

Ова не е прв пат Наполи да одбива понуда за Алан, а италијанските медиуми потсетуваат дека неодамна Аурелио Де Лаурентис одби понуда и од париски ПСЖ.

Диего Симеоне бил заинтересиран за Алан со оглед на тоа што неодамна остана без Родри кој се пресели во Манчестер Сити, но се чини дека неговата желба нема да биде исполнета.

Сега останува да видиме дали Атлетико Мадрид ќе испрати нова подобрена понуда на адреса на италијанскиот клуб и дали Наполи ќе ја прифати.

Нови вести

Шоу на трибините на Галатасарај: Во Истанбул беше приредено свечено претставување на засилувањата

24news

Де Лихт најдобар играч во Холандија за минатата сезона

24news

Почина 9- годишната ќерка на Луис Енрике, светот на фудбалот тагува

24news