February 27, 2021 13:51
Спорт

Наполи и Елмас останаа без трофеј: Јувентус го освои Суперкупот!

Јувентус беше подобар од Наполи во италијанскиот Суперкуп со 2-0, а стрелци на погодоците за „Старата дама“ беа Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

Наполи даде отпор во текот на целиот натпревар, но Роналдо искористи одлична шанса во 64. минута, кога погоди за 1-0.

Гостите од Неапол добија голема шанса да израмнат од пенал во 80. минута, но ударот од белата точка не го искористи Лоренцо Инсиње, по што казната стигна преку Мората во 95. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од 67. минута, но не можеше со своите соиграчи да го освои трофејот во Суперкупот.

 

I'm standing on 1,000,000 lives. Episode 12 at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven site

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD (Dub) Episode 2 at Funimation funimation settings