August 8, 2022 18:41
Спорт

Напаѓач од Бундеслигата е најскапото засилување во историјата на Нотингем Форест

Тимот на Нотингем Форест денес соопшти дека се засилил со досегашниот фудбалер на Унион Берлин, Тајвон Авони.

Овој 24 годишен нигерски напаѓач со повратникот во Премиер лигата потпиша договор на пет години. Клубот соопшти дека во прашање е рекорден износ на трансферот, но не прецизираше колку. Британските медиуми шпекулираат дека тој рекорд изнесува 17 милиони фунти.Авони од 2015 до 2021 година беше играч на Ливерпул, но никогаш не заигра за првиот тим. Испраќан беше на бројни позајмици пред минатата сезона Унион Берлин да го откупи неговиот договор.

Минатата сезона во дресот на германскиот клуб одигра 43 натпревари и постигна 20 голови.