January 28, 2022 23:57
Свет

Напаѓачот во Вокеша непосредно пред нападот излегол од затвор

Осомничениот за смртта на пет лица во американскиот град Вокеша, непосредно пред нападот бил пуштен од затвор со кауција, каде се наоѓал поради семејно насилство.

Тој се товари дека со камионет намерно удрил во група луѓе и повредил повеќе од 50 лица.

Тој претходно бил уапсен за друг инцидент со елементи на насилство, соопштија официјални лица. Осомничениот Дарел Брукс (39) е уапсен во близина на местото на нападот во неделата во Вокеша врз основа на пет точки од обвинение за убиство од прв степен, изјави началникот на локалната полиција Даниел Томпсон. Покрај петте жртви, на возраст од 52 до 81 година, повредени се уште 48 лица, меѓу кои и шест деца кои се хоспитализирани во критична состојба, соопштија локалните власти.

Меѓу жртвите има и членки на парадната група „Баби кои танцуваат”, се наведува во соопштението објавено вчера на Фејсбук. Шефот на полицијата на Вокеша, Даниел Томпсон, изјави дека мотивот за нападот сè уште е мистерија, но оти е јасно дека осомничениот делувал намерно.

– Тој директно поминал преку барикадите и припадниците на полицијата, рече Томпсон на брифинг и потврди дека властите го отфрлиле тероризмот како можен мотив и утврдиле дека осомничениот делувал сам.

english anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao One Piece Episode 997

DARLING in the FRANXX (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 23

anime website My Hero Academia Season 3

AnimeDao Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.