0 C
Skopje
July 22, 2018
Македонија

Напаѓачите се бранеле со молчење- денеска дознале за смртта на Саздо

Напаѓачите се бранеле со молчење- денеска дознале за смртта на Саздо

Што се случило пред 12 дена на автобуската постојка во скопска Авоткоманда напаѓачите на починатиот Никола Саздовски- Саздо не сакаа да раскажат во обвинителството.

Обвинителот Анел Фидовски ги повика за да ја слушне нивната верзија, но и нему и на нивните адвокати им рекле дека денеска ќе молчат.

Одбраната и јавноста се во очекување обвинителството да ја заврши истрагата и да соопшти во обвинението за кое кривично дело ќе ги гони трите момчиња кои го претепаа 21- годишниот Саздовски, а почина по 10 дена поминати во безсознаније.

Судска медицина ги предаде наодите и причните за смртта, а обвинителот вчера испитуваше очевидците од тепањето. Неофицијално е дека постојат и видео снимки, а се прибираат и други материјални докази.

Со еден час задоцнување службите на затворот Шутка ги донесоа од притвор Б.Б. и С.Р. во обвинителството. Единствено што проговориле е дека денеска дознале за смртта на Саздовски.

Од тројца видени напаѓачи, МВР против сите тројца поднесе кривична пријава за насилство, пред да почине Саздовски, успаси двајца, а вети дека се работи на пронаоѓање на третиот кој се уште е во бегство.

Извор: Курир

Related posts

Тројца повредени во сообраќајка кај „Континентал“

24news

Одземени двата телефони и компјутерот на Канческа Милевска

24news

На Богородица се чека околу 30 минути

24news