August 8, 2022 18:47
Свет

Напад во трговски центар во Шведска, има повредени

Најмалку две лица се избодени со остар предмет во напад во трговски центар во шведскиот град Вастерас. Според локалните медиуми, повредените итно се пренесени во болница.

Едно лице добило тешки телесни повреди.

Според првите информации, напаѓачот имал остар предмет, со кој ги избол жртвите.

„Постои страв дека има повеќе повредени“, соопшти полицијата и наведе дека е приведено едно лице.