December 1, 2022 17:52
Македонија

Наместо лаги, Картелот СДС нека одговори за влијанието на дезертерот Ковачевски во милионскиот бизнис на компанијата основана заедно со неговиот кум

Интегрален текст од изјава за медиуми – реакција на прес конференција на Дарко Каевски

Пет години се на власт и ова е резултатот на власта на антимакедонската СДС.

Пет години апсолутна власт во Македонија, а Македонија влетува од кризи во кризи, од картел на СДС во картел на СДС.

Пет години апсолутна власт со корумпирано судство во суд.

Пет години нема ниту едно дело или процес за Христијан Мицкоски, и тоа е најголемиот доказ за лагите на антимакедонскиот СДС.

Но затоа во овие пет години изградија картели, изградија криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот.

По нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува државата и го осиромашува народот!

Затоа нема струја, затоа нема парно, затоа нема гас, затоа се затвораат фирми, а народот стравува за утре.

Картелот наместо лаги, мора да одговори за влијанието на дезертерот Ковачевски во милионскиот бизнис на компанијата основана заедно со неговиот кум на штета на народот.

Картелот СДС се служи со лаги само и само за да ја девастира Македонија и да оствари лична профит! Ова мора да има крај!

Наместо лаги, антимакедонската СДС треба да одговори за оваа шема на Ковачевски.