October 22, 2020 04:57
Македонија

Наместо за реформите во судството и напредокот, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот  на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото.

Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицковски  во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава.

Мицкоски го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата, а од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Со ова Мицкоски потврдува дека имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ му се поважни од реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ  дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта.

Затоа на 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе!