January 21, 2022 20:40
Свет

Намалена затворската казна на поранешната лидерка на Мјанмар од четири на две години

На соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и е намалена казната од четири на две години затвор по делумно помилување дадено од владата назначена од војската, јави државната телевизија. Намалувањето на казната следи само неколку часа по донесената пресуда која предизвика осуда од меѓународната заедница.

Претходно, суд во Мјанмар ја прогласи Су Чи, која е соборена од власт со државен удар на 1 февруари, за виновна по обвиненијата за поттикнување јавни немири и кршење на ограничувањата наметнати поради коронавирусот. Владиниот портпарол изјави дека Су Чи добила две години затвор за поттикнување и две години затвор за кршење на мерките против Ковид- 19.

Тој изјави дека поранешниот претседател Вин Мајнт исто така е осуден на четири години затвор по истите обвиненија.

Според неговите изјави, тие сѐ уште нема да бидат однесени во затвор.

„Тие ќе се соочат и со други обвиниенија“, додаде тој, без да даде други детали.

Ова е прв од десетиците случаи што војската на Мјанмар ги поведе против Су Чи по преземањето на власта со воениот удар на 1 февруари.

Другите случаи против неа вклучуваат повеќекратни обвиненија за корупција, кршење на законите за државни тајни и законите за телекомуникации, од кои сите предвидуваат максимална затворска казна од повеќе од 100 години. Су Чи ги негира сите обвиненија.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

Hunter x Hunter (2011) Episode 140

Horimiya (Dub)

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 4

english dubbed anime Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time