August 15, 2020 15:53
Македонија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради магла попладнево намалена видливост има на неколку патни правци.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на патниот правец Тетово- Попова Шапка видливоста е намалена од 10 до 20 метри, на Стража од 50 до 80 метри, а на Ѓавато, Плетвар и Пресека до 100 метри.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.